Posts in “компјутери”

Mozilla Firefox & Google Chrome

Mozilla Македонија

1

Многу врева се крена и веројатно веќе сите знаат за новиот преслистувач од Google наречен Chrome.Но, многу врева се крена и за некои од опциите/можностите/поставките кои ги има во прелистувачот, прашањата за приватност и лиценцата. Добар преглед на тие има овде.Па, ако ова ве загрижува, или пак имате други причини да останете со Firefox, но сепак ви се допаѓаат некои од триковите во Chrome, погледајте го овој текст со преглед на проширување што го прават Firefox по-chrome-сличен.

Иницијатива за развој на подобар речник (spell checker) за Firefox и друг слободен софтвер

Mozilla Македонија

0

Пред неколку недели направивме мало проширување (екстензија) за Firefox што овозможува инсталирање на речник за македонски јазик: врска.Ако веќе користите Firefox на македонски, тогаш ова не ви е потребно, бидејќи речникот е вграден. Но, ако сепак користите Firefox на англиски или друг јазик, а ви треба можност за проверка на печатни грешки, тогаш овој речник може да ви биде од корист.Правењето на XPI-то всушност беше поттикнато од еден дечко од САД, кому му требаше токму горната можност. Ако (одлучите да) го користите, ќе видите дека сепак има премалку зборови и недостасуваат некои функционалности. И бидејќи повеќе луѓе го увиделе тоа, денес известуваме за иницијативата за развој на подобар речник (spell checker) за Firefox и друг слободен софтвер, како и македонско-англиски и обратно речник, која проработе на една гугл група: врска.Ако сакате да помогнете, посетете ја групата. Ако знаете некој кој сака да помогне, пренесете му ја оваа вест.

Регрутирање за превод на Sunbird

Mozilla Македонија

3

На 28 јули се очекува да излезе rc1 од Mozilla Sunbird 0.9 (sunbird aka lightning aka calendar).Претоходните верзии ги имаше локализирано Иван Стоев.. ама некако му се изгуби трагот .. па така останува отворена работата.Доколку некој би сакал да го среди ова во следнава недела нека се пријави. Досега сработеното може да се симне од mercurial складот:hg clone http://this.ismycyb.org/code/mozilla-l10n-mk/понатаму датотеките се во calendar/Sunbird 0.9 сѐ уште е базиран на кодот од Firefox 2.0 (MOZILLA_1.8_BRANCH) така што треба да се преведува врз база на тој код… но, ако некој се пријави ќе се договориме за деталите околу преведувањето.Update: рокот е продолжен додека не се средат некои bug-ови во Sunbird, така да имаме уште време. Ајде пријавувајте сееее….

Видео упатства за Firefox 3

Mozilla Македонија

0

Некои луѓе од заедницата околу Firefox направиле интересни видео упатства за новите можности на Firefox 3.0. Еве ги првите пет видеа:

Кога ќе се снимат нови видеа може да се очекува да се појават на vimeo под категоријата firefox.

Конечно, Firefox 3 најавен за 17 јуни

Mozilla Македонија

7

Конечно и официјално е објавен датумот кога излегува финалната верзија на Firefox 3. Тоа ќе биде на 17 јуни 2008 (вторник). По скоро 3 години развој Firefox 3 е подобрен во сите карактеристики.

Во меѓувреме е објавена и 3.0-rc3 верзијата која може да ја пробувате до вторник – иако конечната 3.0 и оваа 3.0-rc3 веројатно ќе бидат идентични.

ps. и не заборавајте, на 17 јуни Mozilla ќе го постави светскиот рекорд за најмногу преземан софтвер 🙂

pps.сите нови можности во Fx3 објаснети.

Add-Art: Интересно проширување за Firefox

Mozilla Македонија

0

Според написот во MAKE некои момци развиваат проширување за Firefox кое овозможува огласите што ги гледате на страниците на Интернет да бидат заменети со современа уметност.Навистина не знам дали некому во Македонија може да му биде интерeсно ова, иако секако ми се чини корисно рекламите да се заменат со некакви не толку комерцијални сликички.Сепак, она што е поинтересно е дека овој концепт ги отвара вратите за други слични идеи, особено во контекстот на локалното промовирање. На пример, доколку постои соодветна галерија, рекламите можат да се заменат со слики од Фликр од Македонија… Ете, невообичаена употреба на Firefox и неговите додатоци. :)Благодарност до Котле што го сподели ова на GoogleReader.

Проширувања на Firefox на македонски јазик

Mozilla Македонија

2

Едно од најпријатните изненадувања го имав пред некој ден кога случајно отркив преведено проширување за Firefox. Стануваше збор за DownThemAll – проширување кое се најде совршено за проблемот што го имав.

Клик ваму – клик таму и открив дека постои место на Интернет каде што се преведуваат проширувања за производите на Mozilla и дека конкретно зад овој превод стои Влатко. Покрај на оваа тој работи уште и на преводот на Attachment Tools, Fast Video Download и Ook? Video Ook!.

Kudos за Влатко!

А доколку има уште некој кој преведува на babezilla може да се пријави тука. Добро би било да знаеме кој сѐ работи на преводи на оваа платформа.

Firefox 2.0.0.9

Mozilla Македонија

2

Новa верзија на Firefox 2.0. Оваа верзија поправа неколку сигурносни грешки како и некои грешки кои се појавија во претходните две подверзии, 2.0.0.7 и 2.0.0.8.

За оваа верзија(*) беше прилично ажуриран и подобрен македонскиот превод и на Firefox, но и на Thunderbird, така што 2.0.0.9 е моментално најдобро преведен Firefox. Ова следеше по ударничка акција за наоѓање грешки и недоследности во преводот, по која тројцата најактивни ловци на грешки добија и Firefox маички (донација од Mozilla Europe).

Во меѓувреме Thunderbird малку стагнира со нови верзии (.7 и .8 ги нема), но наскоро треба да излезе неговата 2.0.0.9 верзија со ажуриран превод.

Што се однесува до преводот, ова веројатно беше и последното ажурирање на 2.0 верзиите. Наскоро се очекува Firefox 3.0 со многу подобрувања и понатамошната енергија ваљда ќе биде насочена кон него. Доброволци се добредојдени.

(*) всушност новиот превод беше вклучен уште во 2.0.0.8 ама тогаш заборавивме да објавиме 🙂