Posts from април, 2008

Прилагодување на getting-started.html

Mozilla Македонија

0

Веќе споменатиот getting-started.html содржи препораки за сурфање. Ние можеме да предложиме промени.Двете кои вреди да се променат бидејќи воопшто немаат локална содржина се cragislist и yelp.Можеби некој знае вакви слични локални страници?

Некои формалности за преводот на Firefox 3 на македонски

Mozilla Македонија

6

Покрај UI-то за локализација на Firefox 3 потребен е и превод на неколку т.н. in-product страници. Првичните преводи на овие се достапни на следниве адреси:about.htmlcommunity.htmlcustomization.htmlfirstrun.htmlorganic.htmlphishing-protection.htmlsecurity.htmltips.htmlgetting-started.html – поврзано со задача на bugsЗа оние кои сакаат да помогнат, потребно е читање на овие и пронаоѓање на грешки или предлози за подобри преводи.

Проширувања на Firefox на македонски јазик

Mozilla Македонија

2

Едно од најпријатните изненадувања го имав пред некој ден кога случајно отркив преведено проширување за Firefox. Стануваше збор за DownThemAll – проширување кое се најде совршено за проблемот што го имав.

Клик ваму – клик таму и открив дека постои место на Интернет каде што се преведуваат проширувања за производите на Mozilla и дека конкретно зад овој превод стои Влатко. Покрај на оваа тој работи уште и на преводот на Attachment Tools, Fast Video Download и Ook? Video Ook!.

Kudos за Влатко!

А доколку има уште некој кој преведува на babezilla може да се пријави тука. Добро би било да знаеме кој сѐ работи на преводи на оваа платформа.

Уште шест дена за тестирање на преводите на Firefox 3

Mozilla Македонија

0

Firefox 3 е веќе во последните фази на тестирање, работи стабилно и побрзо од Firefox 2.0. За шест дена (на 08.04.2008) ќе бидат замрзнати кодот и локализацијата на Firefox 3. Тоа значи дека сите промени што сакаме да ги направиме во преводот (што се спорни, каде што има грешки, нејаснотии и сл.) мора да ги направиме во следните неколку дена.

Затоа ова е последен повик за сите оние кои сакаат да помогнат во локализацијата на Firefox 3 тоа да го сторат со тестирање на последните верзии од:

http://ftp.mozilla.org/pub/mozilla.org/firefox/nightly/latest-trunk-l10n/ (барајте mk).

Особено корисно ќе биде да добиеме повратна информација за Firefox 3 на Windows. Грешките можете да ги пријавувате овде или на bugs.softver.org.mk.

Firefox 3 може да се инсталира паралелно со Firefox 2.0, и најдобро е да направите посебен нов профил, за да не ви се мешаат работите со стабилната верзија.