Posts in “компјутери”

Mozilla Балкан:2010 – Скопје

Гоце Митевски

Ова е првиот меѓу-балкански собир на Mozilla заедниците од балканските земји. Сите ние имаме една цел, а тоа е ширењето на слободниот софтвер и Mozilla Манифестото. Придружете ни се за цел ден исполнет со предавања, говори и работилници на разни […]

Firefox 3.6.3

Гоце Митевски

Денес излезе нова надоградба за Firefox, 3.6.3. Превземете ја најновата верзија од менито Помош (Help) -> Провери за надградби (Check for Updates), или пак симнете ја од официалната страна. Повеќе околу надоградбата може да прочитате овде: http://www.mozilla.com/en-US/firefox/3.6.3/releasenotes/ Известување до сите […]

Mozilla Балкан:2010

Гоце Митевски

0

Како што знаете сите, до сега Mozilla има оддржувано конференции низ целиот свет, а посебно во Европа, како MozCapm здружувањата за Mozill-ианците од сите краишта, или учество на други поголеми конференции како што се CeBit и FOSDEM. Но сите овие […]

Излезе Firefox 3.6

Гоце Митевски

Firefox 3.6 малку подзакасни овој пат, но што да се прави, пола саат чекавме петка али никако да дојде Како што викаат во светот на славните, „фенси е да касниш„. Но тоа не е се што е фенси за 3.6 […]

Излезе Mozilla Thunderbird 3.0

Mozilla Македонија

0

Излезе новата 3.0 верзија на Mozilla Thunderbird овој пат под капата на проектот Mozilla Messaging.

Сите новини и можности на новиот клиент за пошта се достапни на страницата Features.

За жал, не можеме да известиме дека новиот Thunderbird е достапен на македонски. Сепак, за сите што ја сакаат докажаната технологија зад Firefox тоа не би требало да биде поголем проблем. 🙂

Mozilla Firefox 3.5.3

Mozilla Македонија

0

Денес тукушто излезе Firefox 3.5.3, што е трета ревизија на сигурносни и стабилизирачки закрпи за Firefox 3.5.

Новина во оваа верзија е дека од сега Firefox ќе ја проверува верзијата на Adobe Flash plugin-от и ќе ве предупредува доколку користите стара верзија. Причината за оваа промена е истражувањето кое покажало дека дури 80% од корисниците на Firefox имаат стара верзија на Flash. Знаејќи дека сите досегашни Flash верзии имаат познати сигурносни пропусти и проблеми со стабилноста, оваа промена ќе помогне корисниците на Firefox да бидат побезбедни, или во најмала рака информирани за својата безбедност.

Повеќе информации за другите промени може да најдете во официјалното известување и белешките за изданието.

пс.
истовремено е објавена и 3.0.14 верзија, која ќе ги вклучува истите проверки за Flash како и 3.5.3 – но секако ние ви препорачуваме секогаш да ја користите најновата верзија на Firefox.

Вистинска кирилица со Firefox (на GNU/Linux)

Mozilla Македонија

5

Мал хак во Firefox на GNU/Linux овозможува да ги добиете правилните кирилични закосени (италик) македонски букви додека сурфате на Интернет.

Сѐ што треба да направите е да ја отворите датотеката која е инсталирана во /директориум со firefox/res/langGroups.properties и таму линијата

mk=x-cyrillic

ја замените со

mk=mk

и да го рестартирате firefox.

За повеќе видете на http://damjan.softver.org.mk/italic/.

Безбедносна надградба за Firefox

Mozilla Македонија

2

Од денес достапен е Firefox 3.0.2. За да надградите до оваа верзија, одете во менито „Помош“ во вашиошт Firefox и кликнете на „Најди надградби“.Ако не користите Firefox, најновата верзија може да ја земете од http://getfirefox.com.Патем, од вчера е достапна и новата 0.9 верзија на календарот што го произведува Мозила. Ако сакате проширување одете на https://addons.mozilla.org/en-US/thunderbird/addon/2313. Ако пак сакате самостојна апликација, кликнете на http://www.mozilla.org/projects/calendar.

Блог за компјутер за секое дете

Mozilla Македонија

0

Ова не е поврзано со Мозила, но сепак е добро да се прошири веста низ блоговите. Отворен е блог за следење на случувањата со Едубунту во училиштата во Македонија: http://edubuntumk.blogspot.com/.

Целта на блогот е да собира приказни и искуства од учениците за компјутерите кои треба да им бидат достапни: од тоа дали се инсталирани и дали им даваат да ги користат (или ги држат под клуч), до тоа што работат и како им оди.

Добар пример на вакви приказни што треба да се најдат на блото има во овој коментар на кајмак.от:

Сестра ми сега почна 7 одд. и на првиот час по „Техничко образование“ наставниот имал таква смелост да му рече на учениците:
– Ако сакате воопшто да ги пуштиме компјутерите ќе мора сите да платите по 150 ден. зошто има инсталиран на нив Linux а тој е многу спака програма.

– И сестра ми после подолг разговор во стилот: „Не е скап безпари е. – Не спак е.“ му побарала адреса на наставникот за да му порача неколку Ubuntu CD-a .

 

Па ако сте ученик пишете, а ако знаете некој ученик, кажете му за блогот.