Posts in “Некатегоризирано”

Firefox 3.5.1 достапен за јавноста, сега и на македонски

Mozilla Македонија

3

Како дел од постојаниот процес на стабилизирање и осигурување на Firefox, Мозила го објавува Firefox 3.5.1 за GNU/Linux, Windows и Mac корисниците. Оваа верзија, меѓу другите 70-тина јазици, сега е достапна и на македонски јазик, откако се отстранија проблемите кои се појавија со македонската верзија на 3.5

На корисниците на Firefox 3.0.11 и 3.5 во следните 24 до 48 часа ќе им биде понудена автоматска надградба, но секако надградбата може и рачно да се аплицира преку опцијата „Најди надградби…“ (Check for updates) во менито „Помош“ (Help).

Повеќе информации за верзијата 3.5.1 на Firefox може да прочитате во белешките за изданието (на англиски).

На корисниците на 2.0 им се препорачува директно да го симнат 3.5.1 од www.firefox.com (или тука за македонската верзија). Верзијата 2.0 на Firefox веќе не се развива и има познати безбедносни дупки кои не се поправени и нема да се поправат.

Најново од Mozilla: Firefox 3.0.7 и 3.5

Mozilla Македонија

0

Продолжувајќи ја традицијата за редовни и навремени поправки на својот софтвер, Mozilla го објави Firefox 3.0.7, најновата надградба на 3.0.x серијата. Освен вообичаените закрпи за грешки и сигурносни пропусти во програмот, важно за оваа верзија се подобрувањата на системот за помош на лицата со посебни потреби. Еден од примерите е дека со Firefox 3.0.7, слепите луѓе, кои користат читачи на екран, ќе можат да го користат сервисот Gmail.

Официјалните белешки за верзијата ќе ги видите тука.

Од другите новости, Firefox 3.1 повторно касни. Оваа верзија, најпрвин беше најавена за крајот на 2008, па беше одложена за првиот квартал на 2009, а сега веќе е јасно дека ќе излезе во вториот квартал на 2009 (произволна проценка, некаде во мај). За каснењето најодговорни се проблемите во новиот JavaScript engine – Tracemonkey, кој треба да обезбеди големи подобрувања во JavaScript перформансите на Firefox.

Исто така, се поизгледно е дека новата верзија ќе се вика Firefox 3.5. Промената на именување на верзијата е направена за да ги потенцира новите можности во Firefox, како што се: вградената подршка за репродуцирање на аудио и видео (дел од HTML5 стандардот), нови ефекти и стилизирање со CSS-3 и многу други можности.

Во меѓувреме Firefox 3.1beta3 ќе излезе на 12 март, по што ќе следи промената на името, а beta4 некаде втората половина на април. И уште едно потсетување, Firefox 2.0 веќе не се развива, надградете на 3.0.

Иднината на преводот на Firefox и другите производи на Mozilla

Mozilla Македонија

3

Mozilla-l10n тимот за македонски јазик со мало известување:Сметаме (Новица и Дамјан) дека е згодно да известиме дека не планираме уште долго да се занимаваме со преводите на Firefox и другите производи на Mozilla.Сега го буткаме Firefox 3.1 кој што треба да излезе деновиве, но планови за понатаму немаме. Ова пред сѐ се одразува на иднината на преводот на Thunderbird 3.0 кој исто така треба да излезе скоро, па супер би било ако се јави некој заинтересиран да го прави тоа.Голема поволност е што за разлика од минатото, сега има некои веб алатки за преведување, па сега (би требало да) е далеку поедноставно да се прават преводите. (На пример: https://l10n.mozilla.org/narro/narro_project_list.php)Aко има заинтересирани може да потрошиме и некој ден на обука за тоа како функционира системот на Mozilla, но за тоа потоа.Во блиска иднина, очекувајте известување за тестирање на Firefox 3.1

Хаварија самит :)

Mozilla Македонија

0

Па, како што знаете Дамјан од мк мозила тимот е на самитот на Мозила во Вистлер во Канада. Блогираше нешто за тоа на неговиот блог: softver.org.mk/damjan.Постојани новости за случувањата има на мешапот на summit.mozilla.org. Инаку, настанов надвор од официјалната програма е проследен со неколку страшно-смешни ситуации – како на пример опасноста од мечки во Вистлер, лавината на патот до Ванкувер што тешко може брзо да се исчисти, и снемувањето на струја во хотелот откако камион удрил во трансформаторот.На горната врска ќе можете да видите и како луѓето се зезаат за тоа: “A laundry truck hit thetransformer.” Driven by a bear?А технички настроените ликови од заедницата на Мозила веќе отвориле bug на bugzilla.Ете малку хакерски хумор, но како што забележувате сѐ е од пред неколку часови – сега веќе батериите на лаптопите се испразнети.:)

Журка по повод официјалното издавање на Firefox 3, 18.06.2008 во 20 ч. [Точка]

Mozilla Македонија

5

Па мораше и тоа да се случи. Еден ден по официјалното издавање на Firefox 3, во среда, во терминот кој обично е резервиран за СподелиКино, правиме журка по повод најновото издание на вашиот омилен прелистувач.

Ќе има торта. 🙂

Веста веќе ја има на неколку места: Linux.net.mk; Сподели знаење; Кајмакот.