Некои формалности за преводот на Firefox 3 на македонски

Mozilla Македонија

6

Покрај UI-то за локализација на Firefox 3 потребен е и превод на неколку т.н. in-product страници. Првичните преводи на овие се достапни на следниве адреси:

about.html
community.html
customization.html
firstrun.html
organic.html
phishing-protection.html
security.html
tips.html
getting-started.html – поврзано со задача на bugs

За оние кои сакаат да помогнат, потребно е читање на овие и пронаоѓање на грешки или предлози за подобри преводи.

6 responses

Post a comment

  1. sashozs wrote on :

    Значи, вака:

    firstrun:
    “Ви благодариме што ја презедовте најсигур…”, литературно Македонски (остај ти шо јас си пишувам литературно Прилепски по блогерајоф 🙂 ) треба да биди: „Ви благодариме што ја превзедовте најсигур…“ (значи недостига едно „в“ во „превзедовте“)…

    и мислам дека реченицата:
    „Исто така има опција за разговор да можете да побарате решение на потешките проблеми.“
    малку е нејасна. Мислам дека би била поледна за разбирање кога би била:
    „Исто така, има опција за разговор, со која можете да побарате решение на потешките проблеми.“

    …ако имам забелешки на другите страници, че пишам во нови коментари…

    Одговори

  2. sashozs wrote on :

    getting started:

    „Овој сервис овозможува Вам и на Вашите сораб..“
    „Овој сервис Ви овозможува Вам и на Вашите сораб..“ – вакви грешки има БУКВАЛНО во секој преведен софтвер на Македонски… од такви причини лично користам се` на англиски… внимавајте на граматиката и јасноста на речениците… ако сакате да видите КАКО НЕ ТРЕБА ДА ПРЕВЕДУВАТЕ СОФТВЕР, нека Windows-овиот пакет за македонска меѓуврска Ви биде ѕвезда водилка за тоа… Самиот Windows е најлошо преведениот софтвер на Македонски на сите времиња… дајте да го смениме тоа еднаш за секогаш (затоа воопшто се трудам да ги прегледам страниве на firefox)…

    …кај википедија…
    „Статиите што ги има се интересни, а и Вие можете да го дадете Вашиот придонес.“
    „Статиите што ги има се интересни, а и Вие можете да придонесете со ваша статија.“ – на ова мислам кога велам „внимавајте на граматиката и јасноста на изразување“… преводот кој го видов ми звучи како „Статиите што ги има се интересни, а и Вие го можете да го дадете со Ваш придонес.“… – гет д поинт…

    Дали сме љубопитни за „полно“ работи??? Ду ај лук лајк а чајлд ту ју??? Јас не сум љубопитен за „полно“ работи, ама сум љубопитен за „многу“ работи… (овде може да помине и линк до http://howstuffworks.com)… – граматикатааа…

    ОК, не барам појче грешки… мислам дека ова е доволно за да ги опишам моите забелешки…
    Само уште да напомнам, можеби сум малку груб со забелешките, но целта ми е крајно добронамерна. Сакам софтверот да биде преведен на Македонски, ама или да биде квалитетно преведен или воопшто да не се преведува… знам дека сум ситничар, ама таков сум, шо да прам…

    Одговори

  3. Mozilla wrote on :

    sashozs благодарам на забелешките,

    само сакам да дадам еден коментар на
    “ама или да биде квалитетно преведен или воопшто да не се преведува”.

    Тоа е невозможно, како и било која друга инижињерска работа не може веднаш да добиеш совршен резултат.

    Всушност совршен не можеш да добиеш никогаш. Тоа што можеш да го направиш е отворен процес на постојано рафинирање на производот. Тоа вклучува и постојано тестирање и пријавување грешки. Ситничари се најдобри за тоа 🙂

    Одговори

  4. Новица wrote on :

    ОК се забелешките… освен во делот за „пре(в)земање“. Имало многу дебати за правилноста и последното што стои и што го потврдија повеќе и стручни луѓе е дека зборот е без „в“.

    Одговори

  5. sashozs wrote on :

    ОК, се сложувам дека не може да се има совршеност во нешто што е во постојан развој (секоја следна верзија има новитети кои треба да се преведат, ама бета 3 е во тек, а грешките се на места кои сметам дека требало одамна да бидат решени. Нема врска, важно е дека се работи на случајот 🙂 )

    А за пре(в)земањето, искрено не сум лингвист, само логичар. А логиката ми вели: преземање – прекумерно земање, превземање – да се превземе нешто од друг/друго место… Али ако лингвистите велат дека е така… тогаш нека кажат збор за прекумерно земање на нешто… И бај д веј, нека организираат една трибина – Надградба (апдејтирање) на Македонскиот литературен јазик од верзија 1.0 бета, на верзија 1.0 финална (или 2.0 бета), оти со информатичково доба, шо би рекле ние на прилепски „пците со мас не не` јада…“, многу нелогичноски и голем недостиг на зборови се појавува… некаде читав некој се бунеше дека денешната младине зборува некој хибрид на македонско-англиско-информатички јазик. ДА така е, ама грешката не е во младината, туку во одговорните кои не го надградуваат јазикот. А бидејќи човештвото еволуира и нови шарени работи се појавуваат, треба истите некако и да се опишат, што значи дека мора, ама МОРА да еволуира и секој јазик (не само нашиот, туку и сите останати)… Кај нас обично добиваме нелогични преводи како на пример секој file се вика документ. Е па извинете, ама file = датотека, document = документ… сето ова резултира со културно користење на англиските изрази на крајот и волкот е сит и овците на број и солзите во очи (оти ни изумирал јазикот)…

    Одговори

  6. Ashley Jones wrote on :

    This article is actually a fastidious one it helps new internet people, who are wishing for blogging.

    Одговори

Post Your Comment