Posts from 2008

Firefox има 50% од пазарот во Македонија?

Mozilla Македонија

1

Веста изгледа доволно официјално, па овде само ќе ја проследиме во форма на сликичка:

пазарен удел на firefox

За повеќе детали видете на blog.mozilla.com.

Се надеваме дека дел од успехот се должи и на локализацијата на Firefox на македонски јазик. 🙂

Иднината на преводот на Firefox и другите производи на Mozilla

Mozilla Македонија

3

Mozilla-l10n тимот за македонски јазик со мало известување:Сметаме (Новица и Дамјан) дека е згодно да известиме дека не планираме уште долго да се занимаваме со преводите на Firefox и другите производи на Mozilla.Сега го буткаме Firefox 3.1 кој што треба да излезе деновиве, но планови за понатаму немаме. Ова пред сѐ се одразува на иднината на преводот на Thunderbird 3.0 кој исто така треба да излезе скоро, па супер би било ако се јави некој заинтересиран да го прави тоа.Голема поволност е што за разлика од минатото, сега има некои веб алатки за преведување, па сега (би требало да) е далеку поедноставно да се прават преводите. (На пример: https://l10n.mozilla.org/narro/narro_project_list.php)Aко има заинтересирани може да потрошиме и некој ден на обука за тоа како функционира системот на Mozilla, но за тоа потоа.Во блиска иднина, очекувајте известување за тестирање на Firefox 3.1

Вистинска кирилица со Firefox (на GNU/Linux)

Mozilla Македонија

5

Мал хак во Firefox на GNU/Linux овозможува да ги добиете правилните кирилични закосени (италик) македонски букви додека сурфате на Интернет.

Сѐ што треба да направите е да ја отворите датотеката која е инсталирана во /директориум со firefox/res/langGroups.properties и таму линијата

mk=x-cyrillic

ја замените со

mk=mk

и да го рестартирате firefox.

За повеќе видете на http://damjan.softver.org.mk/italic/.

Ден на слободен софтвер 04.10.2008 (сабота!)

Mozilla Македонија

0

Слободен софтвер Македонија ќе го прослави денот на слободен софтвер на 4.10.2008 година организирајќи презентации за слободен софтвер и слободна култура.За таа цел, во 14 часот на плоштадот Македонија, група уметници колаборативно ќе сликаат платно посветено и инспирирано од овој ден.Претходно во 12ч. , во културниот центар Точка, заинтересираните ќе можат да дојдат и да се информираат околу идеите за слободен софтвер, слободна култура, како и да се запознаат со активностите на „Слободен софтвер Македонија“ и идеите за понатаму.Во текот на целото ова време, ќе делиме дискови со слободниот оперативен систем Ubuntu Linux, модификуван токму за оваа пригода со дополнителни пакети и содржини од уметниците кои за овој ден ни се придружија. На дискот има и слободен софтвер за други оперативни системи како и филм за слободната култура.Од: http://spodeliznaenje.blogspot.com/2008/10/blog-post.html

Безбедносна надградба за Firefox

Mozilla Македонија

2

Од денес достапен е Firefox 3.0.2. За да надградите до оваа верзија, одете во менито „Помош“ во вашиошт Firefox и кликнете на „Најди надградби“.Ако не користите Firefox, најновата верзија може да ја земете од http://getfirefox.com.Патем, од вчера е достапна и новата 0.9 верзија на календарот што го произведува Мозила. Ако сакате проширување одете на https://addons.mozilla.org/en-US/thunderbird/addon/2313. Ако пак сакате самостојна апликација, кликнете на http://www.mozilla.org/projects/calendar.

Блог за компјутер за секое дете

Mozilla Македонија

0

Ова не е поврзано со Мозила, но сепак е добро да се прошири веста низ блоговите. Отворен е блог за следење на случувањата со Едубунту во училиштата во Македонија: http://edubuntumk.blogspot.com/.

Целта на блогот е да собира приказни и искуства од учениците за компјутерите кои треба да им бидат достапни: од тоа дали се инсталирани и дали им даваат да ги користат (или ги држат под клуч), до тоа што работат и како им оди.

Добар пример на вакви приказни што треба да се најдат на блото има во овој коментар на кајмак.от:

Сестра ми сега почна 7 одд. и на првиот час по „Техничко образование“ наставниот имал таква смелост да му рече на учениците:
– Ако сакате воопшто да ги пуштиме компјутерите ќе мора сите да платите по 150 ден. зошто има инсталиран на нив Linux а тој е многу спака програма.

– И сестра ми после подолг разговор во стилот: „Не е скап безпари е. – Не спак е.“ му побарала адреса на наставникот за да му порача неколку Ubuntu CD-a .

 

Па ако сте ученик пишете, а ако знаете некој ученик, кажете му за блогот.

Mozilla Firefox & Google Chrome

Mozilla Македонија

1

Многу врева се крена и веројатно веќе сите знаат за новиот преслистувач од Google наречен Chrome.Но, многу врева се крена и за некои од опциите/можностите/поставките кои ги има во прелистувачот, прашањата за приватност и лиценцата. Добар преглед на тие има овде.Па, ако ова ве загрижува, или пак имате други причини да останете со Firefox, но сепак ви се допаѓаат некои од триковите во Chrome, погледајте го овој текст со преглед на проширување што го прават Firefox по-chrome-сличен.