Избор на фотографии од 5-ти октомври 2013 г. направени за време на вториот ден на Mozilla Summit 2013.
Денес се изнагледавме супер презентации (и учествувавме во сесии) за новитетите што наскоро ќе ги видиме во Firefox, Firefox OS, Developer Tools, Social API, WebRTC, Shumway итн, и секако, имавме можност да тестираме верзија на Australis.
-
-
Patrick Finch зборува за здравјето на Интернет и за компаниите што поседуваат огромни бази на податоци, во презентацијата „Health of the Web Report“, на Mozilla Summit 2013.
-
-
Pete Scanlon зборува за здравјето на Mozilla како организација во презентацијата „Culture Pulse“ на Mozilla Summit 2013.
-
-
Andreas Gal ја отвора презентацијата „Near Term Strategy and the “ на Mozilla Summit 2013.
-
-
Презентација на вредностите на дизајнот на Firefox, непосредно пред презентацијата за Australis, на Mozilla Summit 2013.
-
-
Преставување на Shumway – прототип-алатка што прикажува анимации на Flash со помош на JavaScript и би можела да го замени приклучокот за Adobe Flash, во идните верзии на Firefox.
-
-
Andreas Gal зборува за иднината на Firefox OS и идната соработка со голем број на производители на мобилни телефони, на Mozilla Summit 2013.
-
-
Firefox Accounts, еден од многуте новитети што наскоро ќе ги видиме во Firefox, претставен на Mozilla Summit 2013.
-
-
Push Notifications, еден од многуте новитети што наскоро ќе ги видиме во Firefox OS, во презентација за време на Mozilla Summit 2013.
-
-
Epic Citadel работи мазно на Firefox OS, во презентација за време на Mozilla Summit 2013.
-
-
Firefox Marketplace ќе овозможи едноставна и автоматизирана дистрибуција на апликации на сите популарни платформи, со што ќе се издвои како единствен повеќе-платформски систем за дистрибуција на софтвер – презентација за време на Mozilla Summit 2013.
Фотографирал Гоце Митевски.
No responses yet
Post a comment