Posts from 2008

Објавен натпреварот за дизајнот на официјалната Firefox 3 маичка

Mozilla Македонија

0

SpreadFirefox го објави натпреварот за дизајнот на официјалната Firefox 3 маичка.
Photobucket Повеќе информации има тука: http://www.spreadfirefox.com/tcontest.

Македонските граѓани постари од 18 години можат да учествуваат.

Дизајнери покажете се. 🙂

Ново: Ако има интерес натправар за дизајн може да организираме и само за Македонија. Наградите сигурно нема да сигурно да бидат толку примамливи, но може и да смислиме нешто.

Lightning/Sunbird 0.8 на македонски… нели

Mozilla Македонија

0

Тиндербоксите за Lightning/Sunbird 0.8 (изданието кое треба да се појави во текот на февруари) само што позеленеа.

Тоа значи дека (наскоро ќе) можете да преземете тековни (nightly) верзии (датум 31.01.2008) од Sunbird за да видите дали преводите се во ред и да пријавите грешки кои сигурно ги има.

Firefox 3 на македонски јазик

Mozilla Македонија

16

Македонскиот тим за локализација на Firefox се подготвува за работа на новата верзија на прелистувачот. Најавено е дека Firefox 3.0 ќе биде објавен некаде кон крајот на март или почетокот на април 2008.

Firefox 3

Ако некој сака да помогне во локализацијата на новата верзија на Firefox, еве неколку начини да го сторите тоа:

  1. Користете ја последната верзија на Firefox 2.0.0.X на македонски јазик и пронајдете нејасни преводи. Местата на кои посебно можете да посветите внимание се оние со поставки и инфорамции за безбедно сурфање, сертификати и сл. (пр. користење на банкарски услуги). Исто така, ако стручно го познавете нашиот литературен јазик можете да побарате грешки во преводот – на пример синтаксата на подолгите реченици.  Пронајдените проблематични преводи можете да ги пријавите како коментар на овој блог или уште подобро на bugs.softver.org.mk.
  2. Ако имате повеќе време можете да помогнете во преведувањето на помошта на Firefox.
  3. Ако имате познавања од македонскиот правопис можете да помогнете да ги создадеме правилата за проверка на правопис за Firefox (кои потоа ќе можат да се користат и во други апликации како на пример OpenOffice.org).
  4. Ако се сопственик на издавачка куќа можете да ни ги дадете вашите лекторирани изданија за да ги искористиме зборовите за создавање на база за проверка на правопис. Ако познавате некој кој е сопственик можете да договорите ние да се сретнеме со него/неа.
  5. Ако сте компанија која користи Firefox или пак продава производи со Firefox можете финансиски да го помогнете преведувањето.

Се надеваме дека барем една од овие точки ќе заживее.