Mozilla News

Mozilla го објави Firefox 20 на 15 годишнината од основањето

Прославувајќи 15 години од основањето, денес, на 2 април 2013 год. Mozilla ја објави 20-та верзија од Firefox. Firefox 20 е побрз, постабилен и побогат Интернет прелистувач. Еве накратко дел од новитетите: приватно прелистување во нов прозорец; нов кориснички интерфејс […]

Firefox OS in the latest issue of T-mobile subscribers magazine

A short overview of smartphones featuring FirefoxOS as the new platform that will enable choice for users and foster the power of HTML and the Internet, was published in the latest (March 2013) edition of T-mobile subscribers magazine in Macedonia. […]

Пристигна Firefox 19!

Mozilla штотуку ја објави деветнаесеттата верзија од Firefox! Во периодот помеѓу Firefox 18 и Firefox 19 се затворени вкупно 2.751 баг, а еве некои од новитетите, за кои што најмногу ќе се пишува во текот на наредните денови: нов читач […]

Firefox 18 – брзина, Retina и WebRTC

Mozilla денес објави уште една нова верзија од Firefox. Овој пат, новитетите се во насока на подобрувањето на брзина на работа, поддршката за Ретина-екрани и поддршката за стандардот WebRTC. Новиот компајлер за JavaScript – наречен IonMonkey – овозможува Firefox 18 […]

Зошто управувањето на Интернет од страна на ИТУ е лоша идеја?

Mozilla, заедно со повеќе други организации, вклучувајќи го и Google, апелира за внимание и повикува на акција во врска со состанокот на Меѓународната телекомуникациска унија, организација под чадорот на ООН, која заседава во моментов (3-14 декември 2012): “…ја доведуваме во […]

Mozilla ги објави Firefox 17 и Thunderbird 17

Добредојде за уште две нови изданија од Firefox и Thunderird. Има повеќе новитети, па да одиме по ред. Што е ново кај Firefox 17? прва имплементација на Social API, со поддршка за Facebook Messenger; автоматско блокирање на застарените приклучоци (plugins); […]

Пристигна Firefox 16

Со мало задоцнување од вообичаениот шест-неделен циклус, денес, на 9 октомври 2012 година, Mozilla објави уште една нова верзија од Интернет прелистувачот Firefox.

Мозила го објави новиот систем за идентитет на интернет

По едногодишно развивање Persona е спремна за употреба за проверка на идентитетот на сите главни паметни телефони, таблети и десктоп прелистувачи Корисничкото искуство е прегледано и исполирано. API-то е стабилно и достапно на јавноста. Извор, детаљно објаснување и видеа:  http://identity.mozilla.com/post/32395255498/announcing-the-first-beta-release-of-persona

Firefox 15 и Thunderbird 15 се достапни за преземање

Mozilla пред малку објави уште две нови верзии од Интернет-прелистувачот Firefox и клиентот за е-пошта Thunderbird. Firefox 15 доаѓа со голем број на новитети, a овој пат и Thunderbird изненадува – има нова функционалност за „четување“ и нов изглед на […]

Firefox 14 и Thunderbird 14 пристигнуваат денес попладне

Денес попладне, по 17 часот по локално време, Mozilla ќе претстави уште две нови надградби за Firefox и Thunderbird. Firefox 14 ќе биде уште едно богато издание со бројни помали и поголеми измени. Kaj Thunderbird 14, ќе нема некои поголеми изненадувања.