Posts from 2009

Најново од Mozilla: Firefox 3.0.7 и 3.5

Mozilla Македонија

0

Продолжувајќи ја традицијата за редовни и навремени поправки на својот софтвер, Mozilla го објави Firefox 3.0.7, најновата надградба на 3.0.x серијата. Освен вообичаените закрпи за грешки и сигурносни пропусти во програмот, важно за оваа верзија се подобрувањата на системот за помош на лицата со посебни потреби. Еден од примерите е дека со Firefox 3.0.7, слепите луѓе, кои користат читачи на екран, ќе можат да го користат сервисот Gmail.

Официјалните белешки за верзијата ќе ги видите тука.

Од другите новости, Firefox 3.1 повторно касни. Оваа верзија, најпрвин беше најавена за крајот на 2008, па беше одложена за првиот квартал на 2009, а сега веќе е јасно дека ќе излезе во вториот квартал на 2009 (произволна проценка, некаде во мај). За каснењето најодговорни се проблемите во новиот JavaScript engine – Tracemonkey, кој треба да обезбеди големи подобрувања во JavaScript перформансите на Firefox.

Исто така, се поизгледно е дека новата верзија ќе се вика Firefox 3.5. Промената на именување на верзијата е направена за да ги потенцира новите можности во Firefox, како што се: вградената подршка за репродуцирање на аудио и видео (дел од HTML5 стандардот), нови ефекти и стилизирање со CSS-3 и многу други можности.

Во меѓувреме Firefox 3.1beta3 ќе излезе на 12 март, по што ќе следи промената на името, а beta4 некаде втората половина на април. И уште едно потсетување, Firefox 2.0 веќе не се развива, надградете на 3.0.

Нов Firefox 3.0.6 и крајот на Firefox 2.0 серијата

Mozilla Македонија

1

Пред само неколку часа Мозила ја објави шестата подверзија на Firefox 3 која вклучува подобрувања во стабилноста, поправање на некои мали багови и најважно решавање на неколку сигурносни проблеми. Нормално, повеќето корисници на Firefox 3 деновиве автоматски ќе ја добијат оваа верзија преку системот за само-ажурирање на Firefox, па не треба да се секираат. Сепак проверете.

(Официјалното известување за 3.0.6).

Она што е веројатно поважно е дека стариот Firefox 2.0 веќе нема да се развива, ниту ќе бидат решавани проблеми со стабилноста, ниту ќе бидат поправани сигуроносните дупки. Исто така во Firefox 2.0 веќе нема да функционира системот за заштита од штетни страни. Последната верзија е 2.0.0.20, објавена на 18 декември 2008, што е нешто повеќе од две години од појавата на Firefox 2.0 (24 октомври 2006).

(Официјалното известување за 2.0.0.20 од Mozilla).

Ако видите дека некој ваш пријател сеуште користи Firefox 2.0, помогнете му да надгради – ништо не кошта.

Како да го доведете Firefox до совршенство?

Mozilla Македонија

0

На почеток…Стартувајте го Firefox и во адресната линија внесете: „about:config” (без наводници). Со тоа се повикува регистарот на Firefox преку кој е овозможено напредно менување на нагодувањата. Со користење на „about:config“, Firefox може да се направи да работи значително побрзо и поефикасно во споредба со испорачаната основна и неменувана верзија. Сепак, тоа е оставено на изборот на корисникот. Затоа и тој е предупреден пред да му биде дозволено да прави измени во регистарот.Целиот текст кај Гоце.