Posts from февруари, 2009

Нов Firefox 3.0.6 и крајот на Firefox 2.0 серијата

Mozilla Македонија

1

Пред само неколку часа Мозила ја објави шестата подверзија на Firefox 3 која вклучува подобрувања во стабилноста, поправање на некои мали багови и најважно решавање на неколку сигурносни проблеми. Нормално, повеќето корисници на Firefox 3 деновиве автоматски ќе ја добијат оваа верзија преку системот за само-ажурирање на Firefox, па не треба да се секираат. Сепак проверете.

(Официјалното известување за 3.0.6).

Она што е веројатно поважно е дека стариот Firefox 2.0 веќе нема да се развива, ниту ќе бидат решавани проблеми со стабилноста, ниту ќе бидат поправани сигуроносните дупки. Исто така во Firefox 2.0 веќе нема да функционира системот за заштита од штетни страни. Последната верзија е 2.0.0.20, објавена на 18 декември 2008, што е нешто повеќе од две години од појавата на Firefox 2.0 (24 октомври 2006).

(Официјалното известување за 2.0.0.20 од Mozilla).

Ако видите дека некој ваш пријател сеуште користи Firefox 2.0, помогнете му да надгради – ништо не кошта.