Хаварија самит :)

Mozilla Македонија

0

Па, како што знаете Дамјан од мк мозила тимот е на самитот на Мозила во Вистлер во Канада. Блогираше нешто за тоа на неговиот блог: softver.org.mk/damjan.

Постојани новости за случувањата има на мешапот на summit.mozilla.org.

Инаку, настанов надвор од официјалната програма е проследен со неколку страшно-смешни ситуации – како на пример опасноста од мечки во Вистлер, лавината на патот до Ванкувер што тешко може брзо да се исчисти, и снемувањето на струја во хотелот откако камион удрил во трансформаторот.

На горната врска ќе можете да видите и како луѓето се зезаат за тоа: “A laundry truck hit thetransformer.” Driven by a bear?

А технички настроените ликови од заедницата на Мозила веќе отвориле bug на bugzilla.

Ете малку хакерски хумор, но како што забележувате сѐ е од пред неколку часови – сега веќе батериите на лаптопите се испразнети.

🙂

No responses yet

Post a comment

Post Your Comment