Firefox 3.5.1 достапен за јавноста, сега и на македонски

Mozilla Македонија

3

Како дел од постојаниот процес на стабилизирање и осигурување на Firefox, Мозила го објавува Firefox 3.5.1 за GNU/Linux, Windows и Mac корисниците. Оваа верзија, меѓу другите 70-тина јазици, сега е достапна и на македонски јазик, откако се отстранија проблемите кои се појавија со македонската верзија на 3.5

На корисниците на Firefox 3.0.11 и 3.5 во следните 24 до 48 часа ќе им биде понудена автоматска надградба, но секако надградбата може и рачно да се аплицира преку опцијата „Најди надградби…“ (Check for updates) во менито „Помош“ (Help).

Повеќе информации за верзијата 3.5.1 на Firefox може да прочитате во белешките за изданието (на англиски).

На корисниците на 2.0 им се препорачува директно да го симнат 3.5.1 од www.firefox.com (или тука за македонската верзија). Верзијата 2.0 на Firefox веќе не се развива и има познати безбедносни дупки кои не се поправени и нема да се поправат.

3 responses

Post a comment

  1. Mozilla wrote on :

    не можам да знам кој е точно твојот проблем, но најдобро пробај со нов профил:
    http://kb.mozillazine.org/Creating_a_new_Firefox_profile_on_Windows

    и пази што сѐ инсталираш во Firefox-от (екстензии, плагини) пошто тие работи знаат да прават вакви проблеми

    Одговори

  2. шербет wrote on :

    имам еден проблем.

    уште со 3.11 скокачките прозорци не ми равнотеа…микслев баг е …едвај чекав да се појави 3.5…и тогаш…ИСТО..
    џабе штиклирам одштиклирам скокашки прозорци…бришам дозволени страни за нив…рестартира,…
    во базата на знаење на мозила имаше еден so mojot problem

    http://support.mozilla.com/tiki-view_forum_thread.php?style_mode=inproduct&locale=mk&comments_parentId=253280&forumId=1

    и си го решил…

    ама мене тие потези не ми го решија проблемот…скокачките прозорци …ЈОК

    и stumble upon тулбарот…нејќе та нејќе да се појави…

    нејќам да упутребувам ИЕ, а со овие проблеми се налага …и баш се нервирам…

    помагајте!

    Одговори

  3. ратко wrote on :

    не ми работи апдејтот. ни автоматскиот, ни рачниот (вика не се пронајдени надградби). имам 3.0.11 на македонски и заради вакви работи се мислам да се префрлам на англиската верзија.

    Одговори

Post Your Comment