Posts from октомври, 2008

Вистинска кирилица со Firefox (на GNU/Linux)

Mozilla Македонија

5

Мал хак во Firefox на GNU/Linux овозможува да ги добиете правилните кирилични закосени (италик) македонски букви додека сурфате на Интернет.

Сѐ што треба да направите е да ја отворите датотеката која е инсталирана во /директориум со firefox/res/langGroups.properties и таму линијата

mk=x-cyrillic

ја замените со

mk=mk

и да го рестартирате firefox.

За повеќе видете на http://damjan.softver.org.mk/italic/.

Ден на слободен софтвер 04.10.2008 (сабота!)

Mozilla Македонија

0

Слободен софтвер Македонија ќе го прослави денот на слободен софтвер на 4.10.2008 година организирајќи презентации за слободен софтвер и слободна култура.За таа цел, во 14 часот на плоштадот Македонија, група уметници колаборативно ќе сликаат платно посветено и инспирирано од овој ден.Претходно во 12ч. , во културниот центар Точка, заинтересираните ќе можат да дојдат и да се информираат околу идеите за слободен софтвер, слободна култура, како и да се запознаат со активностите на „Слободен софтвер Македонија“ и идеите за понатаму.Во текот на целото ова време, ќе делиме дискови со слободниот оперативен систем Ubuntu Linux, модификуван токму за оваа пригода со дополнителни пакети и содржини од уметниците кои за овој ден ни се придружија. На дискот има и слободен софтвер за други оперативни системи како и филм за слободната култура.Од: http://spodeliznaenje.blogspot.com/2008/10/blog-post.html