Иницијатива за развој на подобар речник (spell checker) за Firefox и друг слободен софтвер
Mozilla Македонија
Пред неколку недели направивме мало проширување (екстензија) за Firefox што овозможува инсталирање на речник за македонски јазик: врска.Ако веќе користите Firefox на македонски, тогаш ова не ви е потребно, бидејќи речникот е вграден. Но, ако сепак користите Firefox на англиски или друг јазик, а ви треба можност за проверка на печатни грешки, тогаш овој речник може да ви биде од корист.Правењето на XPI-то всушност беше поттикнато од еден дечко од САД, кому му требаше токму горната можност. Ако (одлучите да) го користите, ќе видите дека сепак има премалку зборови и недостасуваат некои функционалности. И бидејќи повеќе луѓе го увиделе тоа, денес известуваме за иницијативата за развој на подобар речник (spell checker) за Firefox и друг слободен софтвер, како и македонско-англиски и обратно речник, која проработе на една гугл група: врска.Ако сакате да помогнете, посетете ја групата. Ако знаете некој кој сака да помогне, пренесете му ја оваа вест.