Според написот во MAKE некои момци развиваат проширување за Firefox кое овозможува огласите што ги гледате на страниците на Интернет да бидат заменети со современа уметност.
Навистина не знам дали некому во Македонија може да му биде интерeсно ова, иако секако ми се чини корисно рекламите да се заменат со некакви не толку комерцијални сликички.
Сепак, она што е поинтересно е дека овој концепт ги отвара вратите за други слични идеи, особено во контекстот на локалното промовирање. На пример, доколку постои соодветна галерија, рекламите можат да се заменат со слики од Фликр од Македонија…
Ете, невообичаена употреба на Firefox и неговите додатоци. 🙂
Благодарност до Котле што го сподели ова на GoogleReader.
No responses yet
Post a comment