Posts from 2007

Макзила: Mozilla на македонски

Mozilla Македонија

2

Малку новости, колку да има нешто додека да стигнам да ја средам и оваа страница: Излегоа Firefox 1.5 и Thunderbird 1.5 на македонски. Се преземаат од страницата на Мозила – www.mozilla.com. Преводот на пакетот Mozilla (Mozilla Suite, сега познат како Seamonkey) повеќе не се одржува.


Ова е мини ресурс за проектот за македонска локализација на Мозила. Целата убава, шарена страна би требало да се појави на mozilla.softver.org.mk – тогаш кога ќе биде готова. 🙂

Забелешка: Ако не знаете што е Мозила, да не објаснувам многу, одете на www.mozilla.org.

Имаше полно активности околу локализацијата на Мозила и нејзините сродни апликации, како Фајрфокс и Тандрбрд. Сега имаме целосно локализирани Фајрфокс 1.0, Тандрбрд 1.0 и Мозила 1.7.5. Меѓу другото и целиот превод е мигриран во стандардниот (за локализација на слободен софтвер) gettext формат. Ова во голема мера би требало да го олесни процесот на локализација на идните верзии.

Она што сеуште недостасува е интеграција на алатката за проверка на правопис во Тандрбрд и Мозила, но се надевам дека и тоа ќе го биде наскоро.

Преводите кои се наоѓаат на овие страници, исто како и програмите кои ги произведува Mozilla, се достапни под 3 (три) лиценци. Можете да ги користите под условите на MPL, GPL или LGPL. Изборот е ваш.

Преводите се достапни во XPI датотеки кои треба да ги инсталирате преку соодветната апликација. Преводите кои се наоѓаат овде се од 18.02.2005.

XPI (138k) за прелистувачот Фајрфоскс 1.0
XPI (293k) за клиентот за пошта Тандрбрд 1.0
XPI (539k) за интернет пакетот Мозила 1.7.5

Забелешка: Mozilla.org престана да се грижи за пакетот Мозила. Така mozilla-suite стана проект под името Seamonkey. Бидејќи јас не знам што понаму ќе се случува со него, а и прилично доволно ми е одржувањето на преводите на Фајрфокс/Тандрбрд, ги оставам овде на итнернет и преводите во PO формат за последната верзија од Mozilla.org – верзијата 1.7.x. Ако некој сака да продолжи да се занимава со овие преводи, може да ги земе од тука.

Ако имате проблеми со XPI датотеките, преводот не ви работи или нешто слично можете да побарате помош на македонскиот Usenet: сервер news.mt.net.mk, група mk.comp.software или пак на мејлинг листата [ossm-members].

Пријави за грешки во преводите или забелешки за исправноста се добредојдени. Нив можете да ги пријавите на страниците на Слободен софтвер Македонија.