Firefox 2.0.0.9

Mozilla Македонија

2

Новa верзија на Firefox 2.0. Оваа верзија поправа неколку сигурносни грешки како и некои грешки кои се појавија во претходните две подверзии, 2.0.0.7 и 2.0.0.8.

За оваа верзија(*) беше прилично ажуриран и подобрен македонскиот превод и на Firefox, но и на Thunderbird, така што 2.0.0.9 е моментално најдобро преведен Firefox. Ова следеше по ударничка акција за наоѓање грешки и недоследности во преводот, по која тројцата најактивни ловци на грешки добија и Firefox маички (донација од Mozilla Europe).

Во меѓувреме Thunderbird малку стагнира со нови верзии (.7 и .8 ги нема), но наскоро треба да излезе неговата 2.0.0.9 верзија со ажуриран превод.

Што се однесува до преводот, ова веројатно беше и последното ажурирање на 2.0 верзиите. Наскоро се очекува Firefox 3.0 со многу подобрувања и понатамошната енергија ваљда ќе биде насочена кон него. Доброволци се добредојдени.

(*) всушност новиот превод беше вклучен уште во 2.0.0.8 ама тогаш заборавивме да објавиме 🙂

2 responses

Post a comment

  1. Столе wrote on :

    „Благодарам што го одбравте Firefox, лесниот-за-користење прелистувач од Mozilla. ДозНЈа повеќе за нас.“ Дознја!=Дознај 😀

    Не дека е некоја грешка, ама доста упадлива…
    се јавува на оној стандарден гугл-мозила хоум пејџ

    Одговори

  2. Mozilla wrote on :

    од наша страна ова е поправено. сега се чека на google да ги земе сите поправки 🙂

    Одговори

Reply to Mozilla

Cancel Reply