Излезе Firefox 3.6

Гоце Митевски

0

Firefox 3.6 малку подзакасни овој пат, но што да се прави, пола саат чекавме петка али никако да дојде Како што викаат во светот на славните, „фенси е да касниш„. Но тоа не е се што е фенси за 3.6 верзијата на Firefox… Со целосно нов систем за додавање теми познат како Personas, можете да го смените изгледот на Firefox во рок од неколку секунди. Имате избор со повеќе од 30.000 Personas од кои можете да бирате, и да ги нанесете само со еден клик без потреба да го рестартирате прелистувачот. Доколку имате идеа, можете да направите и Ваша Persona и да ја додадете во галеријата.
Покрај изгледот со темите, имa и уште многу новости во Firefox 3.6.
Како за дизајнери, има поддршка на CSS gradients како и WOFF (мали фонтови кои се интегрираат во сајтовите). Ова значи дека ќе може да ги дотерате Вашите страни уште поубаво, и ќе се вчитуваат побрзо од кога било.

Секако Firefox 3.6 е побрз од неговиот претходник Firefox 3.5 за 20%, додека тој беше 3 пати побрз од Firefox 3. Но се разбира дека и со поголема брзина мора да дојде поголема безбедност. Тука стапува во сила проверувачот на вашите плагини, кој детектира дали има нова верзија од нив и ви дозволува да ја симнете и инсталирате.

Но и веб девелоперите не беа заборавени ни малку. Сега може да додадете детекција на ориентацијата на копмјутерот во 3Д светот благодарение на новото API. Исто така можете да ги користите drag&drop функциите како и новото FileAPI во Вашите веб апликации.
За сите оние обожаватели кои сакаат да си го прилагодат нивното искуство на интернет (со преку 6000 додатоци и 30.000 Personas), Firefox 3.6 е за Вас! Превземете го од линковите на Вашата десна страна!

(благодарение до FuzzyFox кој помогна во составување на текстот)

Погледнете го видеото од Мајк Белтзнер за тоа што има ново во Firefox 3.6

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=04Q9tuSaCYA[/youtube]

No responses yet

Comments are closed, but trackbacks are open.