Mozilla Балкан:2010

Гоце Митевски

0

Како што знаете сите, до сега Mozilla има оддржувано конференции низ целиот свет, а посебно во Европа, како MozCapm здружувањата за Mozill-ианците од сите краишта, или учество на други поголеми конференции како што се CeBit и FOSDEM.

Но сите овие „хепенинзи„ беа подалеку од Македонија и Балканот, што ги правеше прилично недостапни за нас. Но сето тоа ќе се смени, почнувајќи од Мај 2010.

Докажуваме дека важи изреката „Заедно сме посилни!„. Македонската Mozilla заедница заедно со Mozilla заедниците низ целиот балкан ќе започнат со организирање на конфиеренции низ Балканот, со цел да ја запознаат локалната публика со Mozilla, нашата активност и значењето на слободниот софтвер.

Првата средба ќе се оддржи токму во Македонија, и тоа на 22 Мај 2010 (Сабота). Сеуште немаме дефинирано локација, но голема веројатност е да се оддржува во амфитеатарот или некоја од бараките на ФЕИТ универзитетот.

На самиот настан ќе се држат предавања од водичите на локалните Mozilla заедници од Балканот и ќе се водат разни дискусии.
Понатаму секако ќе следуваат повеќе информации околу оваа средба, како што ќе ги подготвуваме идеите.

Доколку сакате да бидете подетално и побрзо информирани околу настаните поврзани со Mozilla Балкан:2010 ивентот, проследете го договарањето директно на wiki-то на Mozilla: https://wiki.mozilla.org/Balkans:2010

Доколку некој од вас е заинтересиран да биде дел од овие предавања, нека испрати емаил порака на jovanovski@mozilla.mk и ќе бидеме во контакт и понатаму во врска со настанот.

Настанот е организиран од страна на членовите на MozillaМК, Слободен Софтвер Македонија и Mozilla Europe.

No responses yet

Post a comment

Post Your Comment