Кратка историја на локализацијата на производите на Мозила на македонски јазик

Mozilla Македонија

2

1. Во почетокот на 2003 година (и пред тоа) има неколку неуспешни обиди за локализација на Mozilla Suite на македонски јазик. Со појавата на раните верзии на Mozilla Firebird (претходникот на Firefox) започнати се некои активности и за негова локализација. Последен што во тоа време се занимава со локализација е Александар Савиќ.

2. Летото 2003 Новица Наков се зафаќа со локализација на производите на Мозила. Првите преводи се достапни на 27 октомври 2003 и тоа за верзиите 0.7.x од Firebird и Thunerbird. Порака од тоа време: http://hedona.on.net.mk/pipermail/ossm-members/2003-October/000013.html.

3. Набрзо потоа направен е преводот и на Mozilla Suite 1.6. Преводот на Suite-от се одржува до 31.01.2005 година, заклучно со верзијата 1.7.5: http://hedona.on.net.mk/pipermail/ossm-members/2005-January/003544.html. Во периодот кој следеше беше најавено дека Фондацијата Мозила ќе се посвети само на Firefox и Thunderbird. Со тоа интересот за локализација на Suite-от престана.

4. Во текот на јули и август 2005 година, македонскиот тим за локализација работи на преводите на Firefox и Thunderbird 1.5. До тогаш, локализацијата се врши преку .jar датотеки, а од овие верзии истата преоѓа на CVS. Новица работи преку 33к модемска врска, што е неодржливо. Тогаш тимот расте 100%. Новица успева да го убеди Дамјан Георгиевски да се приклучи во локализацијата на овие програми. Неговото техничко знаење и неограничен пристап до Интернет го прават целиот процес полесен.

5. Во март 2007, тимот доживува уште едно статистички големо проширување. Во тој период Иван Стоев почнува да работи на Sunbir 0.5 и 0.6. Во меѓувреме Иван престанува со својата локализаторска поради обврски со студиите. Последниот Sunbird кој е преведен е верзија 0.7 од септември 2007 година. Во меѓувреме, Новица и Дамјан во континуитет работат на преводите на Firefox и Thunderbird 2.x.

6. Новица и Дамјан продолжуваат со работа и најновиот Firefox 3.0 е достапен на македонски јазик. Овој пат, пакетот вклучува и додаток за проверка на правопис. Листата на зборови која се користи е онаа од Тарас Бендик, објавена уште во декември 2003 година за тогашниот превод на OpenOffice.org 1.0 на македонски јазик.

7. Локализаторскиот блог за мозилини производи (каде што и ги читате овие работи) постои од јули 2007 година. Најзаслужни за тоа се Bi и u240b.

8. И покрај постојаната работа не овие неколку луѓе, преводите немаше да бидат онакви какви што се без помошта на поширока група на корисници кои постојано пријавуваат грешки или даваат предлози за тоа како да изгледаат овие програми на македонски јазик. Им благодариме на сите нив.

2 responses

Post a comment

  1. Глиша wrote on :

    > поширока група на корисници кои постојано *пријавуаат* грешки

    Намерна грешка? 🙂

    Одговори

  2. Mozilla wrote on :

    токму така глиша! 🙂 поправено еве.

    Одговори

Reply to Mozilla

Cancel Reply