Firefox 3 на македонски јазик

Mozilla Македонија

16

Македонскиот тим за локализација на Firefox се подготвува за работа на новата верзија на прелистувачот. Најавено е дека Firefox 3.0 ќе биде објавен некаде кон крајот на март или почетокот на април 2008.

Firefox 3

Ако некој сака да помогне во локализацијата на новата верзија на Firefox, еве неколку начини да го сторите тоа:

  1. Користете ја последната верзија на Firefox 2.0.0.X на македонски јазик и пронајдете нејасни преводи. Местата на кои посебно можете да посветите внимание се оние со поставки и инфорамции за безбедно сурфање, сертификати и сл. (пр. користење на банкарски услуги). Исто така, ако стручно го познавете нашиот литературен јазик можете да побарате грешки во преводот – на пример синтаксата на подолгите реченици.  Пронајдените проблематични преводи можете да ги пријавите како коментар на овој блог или уште подобро на bugs.softver.org.mk.
  2. Ако имате повеќе време можете да помогнете во преведувањето на помошта на Firefox.
  3. Ако имате познавања од македонскиот правопис можете да помогнете да ги создадеме правилата за проверка на правопис за Firefox (кои потоа ќе можат да се користат и во други апликации како на пример OpenOffice.org).
  4. Ако се сопственик на издавачка куќа можете да ни ги дадете вашите лекторирани изданија за да ги искористиме зборовите за создавање на база за проверка на правопис. Ако познавате некој кој е сопственик можете да договорите ние да се сретнеме со него/неа.
  5. Ако сте компанија која користи Firefox или пак продава производи со Firefox можете финансиски да го помогнете преведувањето.

Се надеваме дека барем една од овие точки ќе заживее.

16 responses

Post a comment

  1. KinkyEmil wrote on :

    Само немој да се смееме со преводот, како што се случи со целиот „Виндоус“ на македонски…

    Одговори

  2. technologist wrote on :

    Имам и јас мој веб браузер . Мозете да го симнете од адресата

    http://rapidshare.com/files/82198781/Internet_Starter.zip.html

    . Има Битторент подршка напишан е во Ц шарп. Базиран е на интернет експлорер па кој сака нека го симне бесплатен е .

    Целосно е на македонски.

    Одговори

  3. Culata wrote on :

    супер, мозила бр.1 !

    Одговори

  4. Ivan Nisotovski wrote on :

    Дечки! Абе мозилава уште при инсталација ми е на ХИЕРОГЛИВСКИ а не на Македонски јазик… Зашто не ја направите со стандарден македонски фонд од Windows? Зар морам да инсталирам дополнителни Македонски фонтови? 🙁

    Одговори

  5. Новица wrote on :

    Иван,

    Ми личи дека твојот проблем не е поврзан со Firefox, туку со кириличната поддршка на твојот компјутер. Веројатно треба да ја поставиш правилно.

    Одговори

  6. Ivan Nisotovski wrote on :

    Извинете за недоразбирањето… Све е во ред со програмот… само кога го инсталирав беше со хиероглифи. Откако го стартував се беше ок. МОЗИЛЛА е ЗАКОН…. Само напред!!!

    Одговори

  7. RIBARO wrote on :

    и кај мене при инсталацијата се јавува истиот „проблем“, инаку е ок сè.

    Одговори

  8. Publikum wrote on :

    Јас го избришав и си терам со двојката.
    Сите претходни додатоци што ги имав неработеа зашто не се компатибилни со 3.0 верзијата.

    Одговори

  9. RIBARO wrote on :

    зборот ми беше за инсталацијата на македонската мозила воопшто, инаку и јас сум на 2.0… сеуште. Но ја чекам тројката. А до каде се подготовките?

    Одговори

  10. Новица wrote on :

    Firefox 3.0 официјално ќе излезе на крајот на април според секашните планови.

    Ова што сега го има се бета верзии. Нормално е екстензии и сл. да не работат, така што не го користете како замена за 2.x.x.

    Но, би било многу корисно да го имате и да пробате да сурфате со него понекогаш и да видиде дали преводот е ОК, дали има грешки, нејаснотии и сл.

    Одговори

  11. Глиша wrote on :

    Да инсталерот е сјебан во Виндоус т.е. Виндоусот е сјебан. 🙂

    Мислам дека треба да одиш во Контрол-Панел- Регионал сетингс – Адвансед – (јазик за не Уникод програми) – Фиро Македонски, за инсталерот да ти ја прикажува кирилицата.

    Одговори

  12. Ivan Nisotovski wrote on :

    Глиша! Благодарам за советот не ми текна на тоа. Сеа кога ќе го стартувам сетапот, можам да го прочитам текстот што ја појаснува инсталацијата.

    1. Новица?! Дали веднаш по лансирањето на Mozilla 3.0 ќе биде достапен и Goole тулбар? Или ке треба да почекаме извесно време за него?

    Одговори

  13. Mozilla wrote on :

    Не знам да ти кажам дали ќе биде достапен или не. Тоа зависи од тие што го прават. Но веројатно е да се претпостави дека штом е на гугл ќе го има веднаш.

    Одговори

  14. дамjан wrote on :

    Повеќето екстензии СИ работат нормално и во Firefox 3.0, само што се подесени дека подржуваат само 2.0 – како сигуруносна мерка.

    Firefox го преверува тоа кога ги инсталира. Но, постои опција да се избегне проверката. Во about:config треба да додадете нова булеан променлива „extensions.checkCompatibility“ која ќе биде false.

    Тоа се прави во about:config, десен клик, Нова, булеан .. го пишувате името „extensions.checkCompatibility“, бирате false, и толку.

    Сеако, оваа процедура нема да ги направи компатибилини екстензиите, туку само ќе ја избегне проверката при инсталација.

    Одговори

  15. sengor wrote on :

    Firefox е закон. Само едно сакам да знам. Како да направам бекап на сите додатоци и обележани сајтови да не морам одново кога ке го реинсталирам? Направив копија од App Data -> Mozzila -> Firefox -> Profiles ама не успеа!
    Thanks

    Одговори

  16. Новица wrote on :

    Посети ја врскава:
    http://tinyurl.com/5r7un4

    Ова прашање е веќе детално одговорено на usenet.

    Одговори

Post Your Comment