Firefox студентски клуб – инфо состанок

Марко Палоски

1

Се основаше првиот Firefox студентски клуб во Македонија.

Како една од поголемите фондации и организзации во светот, Mozilla се формираше и до денес работи и функционира следејќи ја својата мисија. Мисијата на Mozilla е тесно поврзана со тоа, интернетот да се одржи жив и динамичен како и достапен за секој човек на нашата планета. Mozilla исто така промовира слободен софтвер  кој ќе биде достапен за сите вклучувајќи ги и корисниците како и развивачите на софтвер кои можат да работат на унапредување и надградба на истиот.

Mozilla како фондација цврсто верува во тоа дека луѓето треба да бидат во постојана соработка врз основа на отворена платформа, заедно грижејќи се за својата колективна иднина. Почитувајќи ги овие вредности фондацијата Mozilla  силно подржува формирање на студентски клубови за студентите по компјутерско инженерство и информатика ширум целиот свет. Токму поради ова на 01.02.2014 се формираше првиот ваков клуб во нашата земја под името Firefox Student Club at FINKI (Фајрфокс Студент клуб на ФИНКИ), формиран од студенти на овој факултет.

Основна дејност на овој клуб ќе биде промовирање на овие вредности како и едукација и запознавање на студентите со слободниот софтвер , отворениот и достапен интернет како и новите стандарди кои произлегуваат од активноста на ваквите клубови и асоцијации во целиот свет. Токму поради ова Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство  како главен промотор на технолошкиот тазвој во нашата земја го подржува формирањето на овој клуб како и сите негови активности . Исто така ФИНКИ ги охрабрува и подржува своите студенти како и основачи на овој клуб да продолжат со работа и активности во оваа област како би придонеле за научниот и општествен развој.

Информирајте се за уште многу други работи поврзани со клубот како и активностите што следат меѓу кој е и Firefox OS Crash course.

Среда 30-ти април – просторија 117 , 20 часот.

Ве очекуваме!

1 response

Post a comment

  1. Pingback from Промовиран првиот студентски клуб на Firefox на ФИНКИ - Mozilla на македонски on :

    […] Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, неодамна го доби првиот студентски клуб на Firefox. […]

    Одговори

Reply to Промовиран првиот студентски клуб на Firefox на ФИНКИ - Mozilla на македонски

Cancel Reply