Манифестот на Mozilla [конечно] оди кон верзија 1.0

Новица Наков

0

Во бројните активности што се случуваат околу прославата на 15 годишнината на Mozilla, Мичел Бејкер – главниот гуру на Mozilla, најави и дека манифестот на организацијата / заедницата за подобар интернет ќе дојде конечно до својата 1.0 верзија.

Промените на манифестот вклучуваат додавање на содржина што се однесува на приватност, како и кратење на делови од текстот за секој од принципите да може да биде твитнат – секој ќе биде по 140 знаци.

Повеќе има на блогот на Мичел: https://blog.lizardwrangler.com/2013/04/18/mozilla-manifesto-towards-1-0/

No responses yet

Post a comment

Post Your Comment