Mozilla, заедно со повеќе други организации, вклучувајќи го и Google, апелира за внимание и повикува на акција во врска со состанокот на Меѓународната телекомуникациска унија, организација под чадорот на ООН, која заседава во моментов (3-14 декември 2012):
“…ја доведуваме во прашање претпоставката дека е „задолжителен глобален договор“, усвоен само од земјите членки“ ќе биде корисен за Интернет или за глобалното општество. На Интернет не му требаше договор за да настане, да се прошири, процвета и да го трансформира глобалното општество. На интернет не му требаше собир на владите за да ги исполни искажаните цели на новиот договор. Нема причина да се верува дека договорот ќе исполни било каква актуелна потреба или дека ќе залечи било каков актуелен дефект.
Напротив, има причини да се верува дека таков договор ќе делува штетно. Клучни точки укажуваат на тоа дека има владина контрола над Интернет надвор од постоечката правна рамка. Технологијата не се развива под контрола на владите. Кажано просто, владите не знаат како најдобро да ја дизајнираат идината. Уште повеќе, има легитимни грижи дека некои влади што се најзаинтересирани за нов договор може да целат на ограничување на слободното изразување и личната слобода, на контрола на политичките активности и на нарушување на безбедноста на нивните граѓан. Чудно, во име на хармонизација и интероперабилност, некои од клучните атрибути на отворениот Интернет што ги цениме најмногу – отворениот пристап, неограничената повзливост и споделување, неутралноста кон содржината и изборот на корисниците можат да бидат компромитирани.”
Од: http://blog.mozilla.org/blog/2012/12/02/why-is-itu-governance-of-the-internet-a-bad-idea/
Повеќе на: https://webmaker.org/en-US/ITU/kit/
Од друга страна, добро е да се забележи твитот на македонскиот министер за информатичк општество и државна администрација:
@gocemitevski здраво Гоце. ИТУ не бара контрола над интернетот. ИКАН да си работи какои до сега.
— Ivo Ivanovski (@iivanovski) December 5, 2012