Видете кој ве следи додека сурфате

Новица Наков

0

За време не овогодинешниот фестивал на Мозила (кој што  се случува викендов во Лондон), Мозила го престави Lightbeam – нов додаток за Firefox кој што со помош на интерактивни визуелизации ви покажува со кои сѐ страници имате интерактција на интернет.

lightbeam

Lightbeam

Од Мозила велат:

Додека откритијата за надгледување од државата продолжуваат да ги зачудуваат луѓето низ целиот свет, постои уште една област од прибирање податоци на интернет  со свои комплицирани предизвици за транспарентност која останува важна за корисниците. Тоа се широкиот спектар на компании кои го обликуваат нашето искуство на нтернет, од рекламирање, преку споделување, до персонализација. Сите овие се интегрален дел од тоа како интернет работи денес. Сепак, кога не можеме да ја разбереме вредноста што овие компаниија даваат и со тоа да направиме информиран избор за нивните практики за собирање на податоци, резултатот е постојана ерозија на доверба за сите учесници.

Повеќе информации на: https://blog.mozilla.org/blog/2013/10/25/lightbeam-for-firefox-privacy-education-for-users-open-data-for-publishers/

No responses yet

Post a comment

Post Your Comment