Пристигна Firefox 22, а со него и долгоочекуваниот оптимизациски модул OdinMonkey (ams.js). Иако, OdinMonkey подолго време беше достапен за тестирање во развојните верзии на Firefox — Aurora и Nightly — денес за првпат е додаден во стабилната верзија на Firefox и значително влијае на брзината на прелистувачот. Ако ве интересира што тоа поточно значи во пракса, стартувајте ја симулацијата BananaBench во Firefox 21, па потоа во Firefox 22 и самите увидете ја разликата.
Покрај OdinMonkey, Firefox 22 ги вклучува и следниве дополнувања и измени:
- модулот WebRTC е активиран од старт;
- овозможена е промена на брзината на репродукција на звук и видеа преку HTML5;
- додатоците на Firefox сега вклучуваат и т.н. сервиси;
- додадена е поддршка за елементите <data> и <time> од HTML5;
- CSS3 Flexbox е активиран од старт;
- додаден е Font Inspector во Developer Tools;
- додадена е поддршка за Web Notifications преку API;
- овозможен е пристап до корисничката табла со исечоци (clipboard) преку JavaScript, со помош на clipboardData API;
- итн.
Честитки до Mozilla и до заедницата!
Нашите погледи се веќе вперени во Firefox 23!
No responses yet
Post a comment