Mozilla денес објави уште една нова верзија од Firefox. Овој пат, новитетите се во насока на подобрувањето на брзина на работа, поддршката за Ретина-екрани и поддршката за стандардот WebRTC.
Новиот компајлер за JavaScript – наречен IonMonkey – овозможува Firefox 18 да работи 25% побрзо од Firefox 17. Забележително е, и помазно преминување од еден таб на друг, а ние, забележивме и забрзување при прикажувањето на страници што се богати со слики во повисока резолуција.
Од останатите новитети би ги издвоиле:
- поддршката за ново својство на DOM – window.devicePixelRatio;
- поддршката за настани на допир од HTML5 (W3C Touch Events);
- неможноста за вчитување на небезбедни содржини на веб-страници преку HTTPS;
- скратеното време на стартување, како резултат на попаметно управување со сертификатите за додатоци.
Инаку, во Firefox 18 се направени вкупно 2917 измени и подобрувања!
Честитки до заедницата и до Mozilla!