Со кратко доцнење, вчера, на 13 март 2012 год. беа објавени уште две нови верзии од најпознатите алатки на Mozilla – Интернет прелистувачот, Firefox и клиентот за е-пошта, Thunderbird.
Да ја искористиме оваа можност, накратко да ги истакнеме најзначаните новитети кај овие две изданија.
Firefox 11 е побогат со неколку нови алатки
Firefox 11 доаѓа со:
- алатник за лесна миграција на прилагодувањата од прелистувачот Google Chrome;
- нов уредувач за каскадни стилови (CSS);
- нов начин на тродимензионален приказ на веб страници, преку „Page Inspector“;
- поддршка за протоколот SPDY, што Google неодамна го претстави;
- синхронизација на корисничките додатоци / проширувања / екстензии… како сакате, преку „Firefox Sync“;
- и уште неколку позначајни новитети.
Thunderbird 11 има голем број мали поправки
Освен тоа што јазичињата (табовите) сега се прикажуваат над главното мени, ние не забележавме некои други измени во работната околина на Thunderbird 11. Единаесеттото издание е главно насочено кон бројните мали поправки, што овозможуваат побрза и постабилна работа.
Честитки до заедницата за уште две успешни изданија и потсетување дека веќе од наредната верзија, Firefox, а можеби и Thunderbird, добива механизам за автоматско тивко надградување.
Се читаме за шест недели!