Пристигна Firefox 22 со OdinMonkey

Гоце Митевски

0

Пристигна Firefox 22, а со него и долгоочекуваниот оптимизациски модул OdinMonkey (ams.js). Иако, OdinMonkey подолго време беше достапен за тестирање во развојните верзии на Firefox — Aurora и Nightly — денес за првпат е додаден во стабилната верзија на Firefox и значително влијае на брзината на прелистувачот. Ако ве интересира што тоа поточно значи во пракса, стартувајте ја симулацијата BananaBench во Firefox 21, па потоа во Firefox 22 и самите увидете ја разликата.

Покрај OdinMonkey, Firefox 22 ги вклучува и следниве дополнувања и измени:

  • модулот WebRTC е активиран од старт;
  • овозможена е промена на брзината на репродукција на звук и видеа преку HTML5;
  • додатоците на Firefox сега вклучуваат и т.н. сервиси;
  • додадена е поддршка за елементите <data> и <time> од HTML5;
  • CSS3 Flexbox е активиран од старт;
  • додаден е Font Inspector во Developer Tools;
  • додадена е поддршка за Web Notifications преку API;
  • овозможен е пристап до корисничката табла со исечоци (clipboard) преку JavaScript, со помош на clipboardData API;
  • итн.

Честитки до Mozilla и до заедницата!

Нашите погледи се веќе вперени во Firefox 23!

No responses yet

Post a comment

Post Your Comment