Минатата недела Citizenlab – организација која што е дел од Универзитетот во Торонто објави извештај за најновите истражувања за употреба на софтверот за набљудување FinFisher во различни земји низ светот.
Од посебен интерес за глобалната интернет заедница беше тоа што компанијата Gamma која го произведува и продава овој софтвер, го користи името на познатиот прелистувач на Mozila – Firefox за да го маскира својот производ и така тој да биде незабележан на компјутерот на корисникот.
Веста дека Mozilla ќе преземе правни мерки против Gamma брзо го обиколи интернет.
Она што дополнително е интересно за корисниците во Македонија е дека Македонија е една од 11 нови земји каде што се забележано нови инсталации на овој софтвер.
No responses yet
Post a comment