Прославувајќи 15 години од основањето, денес, на 2 април 2013 год. Mozilla ја објави 20-та верзија од Firefox.
Firefox 20 е побрз, постабилен и побогат Интернет прелистувач. Еве накратко дел од новитетите:
- приватно прелистување во нов прозорец;
- нов кориснички интерфејс и интеракција за менаџерот за преземање;
- можност за исклучување на заглавените додатоци, без влијание на работата на прелистувачот;
- бројни надградби на Firefox Developer Tools;
- нова алатка за тестирање на JavaScript – JavaScript Profiler;
- подобрена поддршка за <canvas>, <audio> и <video>;
- забрзувања поврзани со вчитувањето на веб-страници, исклучувањето на прелистувачот, преземањето на датотеки итн;
- надградби поврзани со сигурноста на прелистувачот.
Во Firefox 20 се направени вкупно 3054 измени и подобрувања. Неверојатно!
Честитки до заедницата за напорната работа и за уште едно големо дополнување на Firefox, што е секако добредојдено.
No responses yet
Post a comment