Добредојде за Firefox 8 и Thunderbird 8!

Гоце Митевски

Денес излегуваат нови верзии од Firefox и Thunderbird! Осмите верзии на Firefox и Thunderbird носат интересни новини, што накратко ќе ги наведеме во оваа пригода.

Вообичаено, повозбудлива е новата верзија на Firefox, отколку на Thunderbird.

main-feature-treasure

Firefox 8 доаѓа со интегриран пребарувач за Twitter, поголема контрола врз додатоците, нови можности околу вчитувањето на јазичињата, нови можности поврзани со WebGL, како што е новината за безбедно вчитување на текстури со помош на WebGL и голем број на ситни подобрувања, што овозможуваат Firefox да работи подобро со секоја наредна верзија.

Со осмата верзија, во Firefox конечно е оневозможено автоматското инсталирање на додатоци во позадина, без дозвола на корисникот. Значи, нема повеќе изненадувања и непознати додатоци во листата, за кои не сте свесни како успеале да се провлечат.

Истиот механизам за заштита од несакани додатоци, доаѓа и во Thunderbird 8. Покрај стандардните „закрпувања“ и неколкуте ситни измени во корисничката околина, Thunderbird 8 доаѓа и со подобрувања во однос на прилозите на е-пораките.

Официјалната објава на Firefox 8 и Thunderbird 8 се очекува денес, по 16 часот, по локално време. Сепак, ако сте нетрпеливи, Firefox 8 можете да го преземете уште веднаш!