Mozilla Балкан:2010 - Патешествие


И официално заврши Mozilla Балкан:2010 конференцијата :)

Искрено можам да кажам дека ова беше супер конференција, иако имаше помал одзив на луѓе него ли што очекувавме на предавањата. За сите оние заинтересирани за што се случуваше, прочитајте го целиот пост...


Четврток (20.05)

Првиот ден беше денот за дочекување на придонесувачите од другите земји. Од сабалје па до вечер бев кај хотелот пречекувајќи ги гостите од кои некои доаѓаа со таксиња, други со автобуси, а трети сами возеа со комбе. Важно на крајот на денот сите се собравме.

Додека чекавме да пристигнат останатите, заедно со словенските придонесувачи Matjaz и Brian, заедно со Kadir и David од Mozilla направивме мала тура низ Скопје

Посебен интерес имаа во Застава и Југо колите поради некоја причина :)

Вечерта појдовме до Рамстор да кснеме нешто и полека се прибиравме. По патот назад, David направи прекрасни фотки од Соборниот Храм

 


Петок (21.05)

Во Петокот имавме интернеа средба помеѓу придонесувачите и Mozilla. На самата средба се зборуваше за иднината на Mozilla, за заедниците, што е во план за Firefox и кои ни се нашите цели за наредните 6 месеци...

Вечерта требаше да го шетаме Скопје сите, но бидејќи беа гладни, појдовме „Кај Перо„ на малку скара и ракија (party MK style!) :)

 


Сабота (22.05)

Сабота беше главниот ден. Рано станување, брзо отрезнување и поставување на ФЕИТ. Денот беше исполент со презентации до Mozilla Crew, јадење, пиење и интерактивни средби за на крајот :)

Саботната вечер ја пројдовме со проследување на натпреварот Баерн Минхен - Интер, и потоа продолживме во кафана. Имавме среќа да упаднеме на матура, и затоа беше доста интересно, пиење, музика, играње оро... со други зборови, македонска забава до 4 часот по полноќ :))


Недела (23.05)

Финалниот ден го пројдовме со испраќање на гостите, а за тие што си одеа малку покасно, тура низ Скопје. Бевме поделени во 2 групи, каде што Новица Наков ја зема едната, а јас другата, и ги прошетавме низ ценатрот на Скопје и Турска Чаршија, а последната група имаше среќа да се качи и на Кале :)


Заклучок

Ова беше прва од серија балкански средби. Многу ми беше мило што ја имав можноста сето ова да го организирам токму во Скопје, за нашата публика, како и да им го покажеме градот на Mozill-ашите! Научивме многу, се дружевме уште толку, и се надевам дека во наредните 6 месеци ќе успееме да ги исполниме дадените цели!

 

disclamer: сликите овде се под CC лиценца, линк до оригиналот има поставено над нив.