Заживување на студентските активности со Мозила

Новица Наков

0

Летото носи нов ентузијазам, па така и по овој состанок можеме да најавиме дека се радуваме на нови и зголемени активности во периодот што доаѓа.

Ако сте на ФИНКИ побарајте го Firefox Club-от што на тој факултет постои од минатата година.

Ако сте на ЈИЕ универзитетот во Скопје, пишете ни затоа што веќе постои желба сличен клуб да се формира и таму.

Се разбира, ако сте студент на било кој факултет во земјава и мислите дека дискусијата за мисијата и целите на Мозила припаѓа и на вашиот кампус, контактирајте со заедницата на Мозила — и ќе направиме многу клубови.

No responses yet

Post a comment

Post Your Comment