Пристигнаа Firefox 24 и Thunderbird 24!

Гоце Митевски

0

Веројатно веќе знаете дека на почетокот на оваа недела, во вторник, 17 септември 2013 год., Mozilla објави две нови верзии на Firefox и Thunderbird. Еве краток преглед на новитетите.

Што е ново во Firefox 24 на десктоп?

  • нова опција „Close tabs to the right“, за брзо затворање на сите табови на десно од активниот;
  • забрзувања на страницата за нов таб;
  • големи подобрувања во прикажувањето на графика во форматот SVG, особено при повторување на елементи и нивно редимензионирање;
  • подобрен и унифициран терминал – Browser console – како замена на Error console;
  • подобрен е модулот за прикажување на PDF, pdf.js;
  • 17 сигурносни надградби и друго.

Во Firefox 24 се направени вкупно 543 измени.

Што е ново во Thunderbird 24?

  • групите со пораки се можат да бидат означени за игнорирање или пак следење;
  • испраќање на пораки до адреси за е-пошта на домени што припаѓаат на IDN;
  • можно е зумирање на текстот во прозорецот за пишување на порака;
  • 13 сигурносни надградби и друго.

Во Thunderbird 24 се направени вкупно 615 измени.

Честитки до Mozilla и до заедницата и за овие две надградби!

No responses yet

Post a comment

Post Your Comment