Mozilla го објави Firefox 20 на 15 годишнината од основањето

Гоце Митевски

0

Прославувајќи 15 години од основањето, денес, на 2 април 2013 год. Mozilla ја објави 20-та верзија од Firefox.

Firefox 20 е побрз, постабилен и побогат Интернет прелистувач. Еве накратко дел од новитетите:

  • приватно прелистување во нов прозорец;
  • нов кориснички интерфејс и интеракција за менаџерот за преземање;
  • можност за исклучување на заглавените додатоци, без влијание на работата на прелистувачот;
  • бројни надградби на Firefox Developer Tools;
  • нова алатка за тестирање на JavaScript – JavaScript Profiler;
  • подобрена поддршка за <canvas>, <audio> и <video>;
  • забрзувања поврзани со вчитувањето на веб-страници, исклучувањето на прелистувачот, преземањето на датотеки итн;
  • надградби поврзани со сигурноста на прелистувачот.

Во Firefox 20 се направени вкупно 3054 измени и подобрувања. Неверојатно!

Честитки до заедницата за напорната работа и за уште едно големо дополнување на Firefox, што е секако добредојдено.

No responses yet

Post a comment

Post Your Comment