Firefox 18 – брзина, Retina и WebRTC

Гоце Митевски

0

Mozilla денес објави уште една нова верзија од Firefox. Овој пат, новитетите се во насока на подобрувањето на брзина на работа, поддршката за Ретина-екрани и поддршката за стандардот WebRTC.

Новиот компајлер за JavaScript – наречен IonMonkey – овозможува Firefox 18 да работи 25% побрзо од Firefox 17. Забележително е, и помазно преминување од еден таб на друг, а ние, забележивме и забрзување при прикажувањето на страници што се богати со слики во повисока резолуција.

Од останатите новитети би ги издвоиле:

  • поддршката за ново својство на DOM – window.devicePixelRatio;
  • поддршката за настани на допир од HTML5 (W3C Touch Events);
  • неможноста за вчитување на небезбедни содржини на веб-страници преку HTTPS;
  • скратеното време на стартување, како резултат на попаметно управување со сертификатите за додатоци.

Инаку, во Firefox 18 се направени вкупно 2917 измени и подобрувања!

Честитки до заедницата и до Mozilla!

No responses yet

Comments are closed, but trackbacks are open.