Пристигна Firefox 16

Гоце Митевски

Со мало задоцнување од вообичаениот шест-неделен циклус, денес, на 9 октомври 2012 година, Mozilla објави уште една нова верзија од Интернет прелистувачот Firefox.

Листата на новитети во Firefox 16, можеби веќе сте чуле, е особено значајна за развивачите на апликации за Интернет. Firefox 16 доаѓа со нов алатник – Developer toolbar – преку кој што е овозможен пристап до едноставен терминал и бројни команди за најразлични намени.

На пример, со само една кратка команда во терминалот на Firefox, сега е можно да фатите слика од прегледуваниот веб сајт:

screenshot <име_на_датотека> <број_на_секунди_пред_снимање_на_слика>

Интересно, нели? 🙂

Покрај новиот терминал, Firefox 16 добива и:

  • забрзана обработка на JavaScript;
  • поддршка за анимации, премини, трансформации и градиенти во CSS3, без употреба на уникатен префикс за Firefox;
  • пристап до неодамна отворените датотеки преку Scratchpad;
  • поддршка за Opus – новиот отворен аудио-кодек итн.

Колку за информација, во Firefox 16 се направени без малку 2000 измени!

Честитки за уште едно успешно издание на заедницата! Се читаме за шест недели.