Firefox 15 и Thunderbird 15 се достапни за преземање

Гоце Митевски

0

Mozilla пред малку објави уште две нови верзии од Интернет-прелистувачот Firefox и клиентот за е-пошта Thunderbird.

Firefox 15 доаѓа со голем број на новитети, a овој пат и Thunderbird изненадува – има нова функционалност за „четување“ и нов изглед на работната околина, базиран на Australis.

Многу повеќе за изданијата можете да прочитате на блогот за Firefox и на блогот за Thunderbird.

Со големо задоволство можеме да заклучиме дека ова се две, многу успешни изданија, што ќе ја направат заедницата особено среќна!

Честитки Mozilla!

п.с. Додека да станат достапни официјалните врски за преземање на Thunderbird 15, клиентот за е-пошта можете да го преземете преку ЕфТеПе-серверот на Mozilla.

No responses yet

Comments are closed, but trackbacks are open.