Firefox 14 и Thunderbird 14 пристигнуваат денес попладне

Гоце Митевски

0

Денес попладне, по 17 часот по локално време, Mozilla ќе претстави уште две нови надградби за Firefox и Thunderbird.

Firefox 14 ќе биде уште едно богато издание со бројни помали и поголеми измени. Од позначајните новитети, би ги издвоиле:

  • автоматското дополнување на внесуваните Интернет-адреси;
  • пребарувањето со Google, исклучиво преку HTTPS;
  • можноста за вчитување на додатоците за Flash, QuickTime, Windows Media Player итн. на клик, и
  • поддршката за приказ на цел екран во Mac OS X 10.7 Lion.

Kaj Thunderbird 14, ќе нема некои поголеми изненадувања. Ќе добиеме уште една надградба за поправка на грешки и коригирање на сигурносни пропусти.

Честитки до заедницата, за уште две успешни изданија!

Се читаме за шест недели со информации за Firefox 15 и Thunderbird 15.

No responses yet

Comments are closed, but trackbacks are open.