Firefox 13 и Thunderbird 13 за вас прекрасни луѓе!

Гоце Митевски

0

Вчера – на 5 јуни 2012 год. – беа објавени уште две нови верзии од двете најпознати апликации на Mozilla.

Firefox 13 доаѓа со редизајнирана страница за нов таб, редизајнирана почетна страница, серија подобрувања во однос на брзината при користењето на прелистувачот – Firefox 13 се стартува побрзо и троши помалку меморија – и целосна поддршка за протоколот SPDY. За повеќе информации, погледнете ја официјалната објава на Mozilla.

Страницата за нов таб во Firefox 13

Страницата за нов таб во Firefox 13

Thunderbird 13 доаѓа со серија сигурносни закрпувања, Filelink – нов механизам за прикачување на датотеки на онлајн-складишта – во соработка со YouSendIt, можност да си отворите нови адреси за е-пошта директно од Thunderbird – во соработка со Gandi и Hover – и изменети системски побарувања за Windows.

Претпоставуваме дека веќе ги користите најновите верзии од Firefox и Thunderbird, но во случај тоа да не е така, ве охрабруваме да наградите. Ќе бидете пријатно изненадени.

Честитки до заедницата за уште две одлични изданија!

No responses yet

Comments are closed, but trackbacks are open.