Промоција на Firefox 3.5

Mozilla Македонија

3

Mozilla Македонија е заедница од луѓе кој веруваат во моќта на технологијата со цел подобрување на животот. Се залагаме за подобрување на искуството додека се наоѓате на глобалната мрежа – Интернет. Проектитие кои ги промовираме се Open Source што значи кодот е слободен за користење од страна на секого, и до сега е употребен во голем број иновативни проекти.

Како за пример ќе ја земеме промоцијата на Firefox, интернет прелистувач кој можете да го преуредите според вашите потреби, со цел полесно да пребарувате, и да го направите онаков каков што вие сакате да биде.

Нашето општество претставува виртуелна Mozilla организација која што е независна од вработувања. Водството во организацијата потекнува од почитта: колку што повеќе ќе придонесете во организацијата, поголемо ќе биде Вашето влијание.

Технологијата на Mozilla и најзините продукти припаѓаат на секого. Не само што продуктите се бесплатно достапни, туку и целиот изворен код е достапен за јавноста. Многу други продукти се базираат на технологијата на Mozilla, комерциално и бесплатно.

Како заклучок од сето ова може да се каже дека Mozilla општеството, организацијата и технологијата се фокусирани на една и единствена цел: да го направат Интернетот подобар за сите!

За таа цел на 5ти Септември со почеток во 16 часот, на градските плоштади во Скопје и Куманово ќе се оддржат промоции на добро познатиот интернет прелистувач Mozilla Firefox. На промоциите можете подобро да се запонзате со тоа што е Firefox, како работи, како може да Ви помогне во вашите секојдневни задачи и како може да го направи Интернетот поинтересно место за посета.

Дојдете, испробајте, воодушевете се 🙂

Горјан Јовановски, Mozilla Македонија

3 responses

Post a comment

  1. Lost series wrote on :

    Хехе не е дека не знаеме како работи Фајрфокс..ама ОК, можда ќе наминам ако немам попаметна работа во тоа време. 😀 😀 😀
    Поздрав за проектот.

    Одговори

  2. Sbepot wrote on :

    Нешто не ми изгледа беспрекорно `Фајрфокс, Тандербрд и Санбрд…`. Ми се чини дека подобро тие називи да останат оргинално (на латиница, се разбира). Вака не знае човек дали повеќе се нагрдува англискиот или македонскиот јазик…во стилот bird=брд!?!

    Одговори

  3. Горјан Јовановски wrote on :

    @Lost series
    Те очекуваме 🙂
    пс. претстави се, сакам лично да се запознаеме

    Одговори

Reply to Lost series

Cancel Reply