Уште шест дена за тестирање на преводите на Firefox 3

Mozilla Македонија

0

Firefox 3 е веќе во последните фази на тестирање, работи стабилно и побрзо од Firefox 2.0. За шест дена (на 08.04.2008) ќе бидат замрзнати кодот и локализацијата на Firefox 3. Тоа значи дека сите промени што сакаме да ги направиме во преводот (што се спорни, каде што има грешки, нејаснотии и сл.) мора да ги направиме во следните неколку дена.

Затоа ова е последен повик за сите оние кои сакаат да помогнат во локализацијата на Firefox 3 тоа да го сторат со тестирање на последните верзии од:

http://ftp.mozilla.org/pub/mozilla.org/firefox/nightly/latest-trunk-l10n/ (барајте mk).

Особено корисно ќе биде да добиеме повратна информација за Firefox 3 на Windows. Грешките можете да ги пријавувате овде или на bugs.softver.org.mk.

Firefox 3 може да се инсталира паралелно со Firefox 2.0, и најдобро е да направите посебен нов профил, за да не ви се мешаат работите со стабилната верзија.

No responses yet

Post a comment

Post Your Comment